Вести

Цуцуловски продолжува да ги исмева и демаскира нарачаните медиумски хајки на СДСМ/Сорос

Предмет на овој текст повторно сум јас. Поводот за неговото пишување е моето неприфаќање да се воведе двојазичност на целата територија од РМ. Поконкретно, тоа е моето тврдење дека да се говори на некој јазик во некоја општина, град или село, во кои нема ниту еден граѓанин што говори на тој јазик, е далеку од умот и дека ми личи на вампиризам, пишува Цуцуловски на Фејсбук, како реакција на текстот на Злате Лозановски, во Слободен печат

Фејсбук статус на Љубомир Цуцуловски

ШТО САКА ПИСАТЕЛОТ ДА КАЖЕ? Текстов претставува продолжение на мојот претходен пост/текст, чија основна цел беше да покаже како одредена самопопрогласена интелектуална елита се обидува да го вообличи јавното мислење во Република Македонија. Најчесто овој тип на луѓе се повикува на нешто – на пример, на одредена информација – во која ни самите не веруваат. Потоа, поаѓајќи од тој конструкт, се обидуваат да извлечат заклучоци, кои, во основа, не се заклучоци, туку обиди за дисквалификација за оној за кој се пишува, или за настанот за кој се пишува. Притоа, наивно веруваат дека колку стилот со кој пишуваат е позбркан и нејасен, дека толку поубедлив ќе биде крајаниот ефект. Значи, колку нешто е понебулозно, толку е поубедливо – сметаат овие креатори на јавното мислење. За таа цел, понекогаш, медиумскиот простор им го отстапуваат на маргинални личности, чија единствена умешност е збркано да пишуваат, бидејќи и мислите им збркани. Така, порталот Плусинфо го имаше најдено Марин Најденов да напише за гревот на одреден професор, чие име и презиме „случајно“ се поклопуваа со моето име и презиме. Како и да е, најдениот Најденов – најден по случаен избор или не, тоа е небитно – го напиша она што го напиша, а дел од вас, напишаното од најдениот Најденов, имаа можност да го прочитаат и, врз основа на прочитаното, да донесат заклочоци за интелектуалните и политичките дострели на оние кои го најдоа најдениот Најденов, кој во целава ситуација е, навистина, небитен. Ако е битен е битен колку што е битен испуканиот фишек. Меѓутоа, од фишекот побитен е револверот, а од револверот оној кој го држел револверот – имено, самиот револвераш, односно уредникот/нарачател.

Пред да го најдам текстот на Најденов го најдов текстот „Јазик што не го говори никој“ од Злате Лозановски, значаен лик во „Слободен печат“, претходно во неделникот „Граѓански“, а уште попретходно во „Дневик“, во времето кога беше уредуван од надмудриот Бранко Героски. Но, да скаратам. Предмет на овој текст повторно сум јас. Поводот за неговото пишување е моето неприфаќање да се воведе двојазичност на целата територија од РМ. Поконкретно, тоа е моето тврдење дека да се говори на некој јазик во некоја општина, град или село, во кои нема ниту еден граѓанин што говори на тој јазик, е далеку од умот и дека ми личи на вампиризам. Ова, по сѐ изгледа, оставило силен впечаток кај г. Лозановски и го принудило да го напише она што го напишал. Напишаното се обидов да го разберам, но поента не ја најдов. Сепак, можеби поентата на г. Лозановски е во следнава теза: „Колку е далеку или блиску до умот да се каже дека е можно да се говори на кој било јазик, во кое било место, во кое нема никој – ниту еден! – што го говори тој јазик, знае само професорот. Ама дека тоа што го (пот)пишува во атмосфера на линч каква што е сегашнава, многу личи на повампирување и на потхранување на злото, го знаат оние што се плашат дека тоа може да го платат со сопствена крв.“ Ја разгледував и ја анализирав оваа теза од сите можни и неможни аспекти. Џабе – ништо не најдов, како што и ништо не најдов кај Најденов. Затоа, почитувани, ве упатувам на текстот од г. Лозановски. Ако нешто во него најдете, добро е. Ако ништо не најдете, повторно е добро, бидејќи кај овие луѓе сѐ е добро. Кога би било поинакво од нивното добро, тогаш не би било добро, што е, се разбира, недобро. Тие се марата на секое добро и на секое недобро. Текстот може да се прочита на: http://www.slobodenpecat.mk/k…/jazik-shto-ne-go-govori-nikoj