Вести

Цуцуловски: Не сакам избори, но Уставот тоа го налага

Не сакам избори, но Уставот тоа го налага, вели универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски, во дебатната емисија „Ѕид“ на ТВ Алфа.

-Не се залагам за нови избори затоа што тоа го сакам, или затоа што мислам дека новите избори нешто ќе решат, туку затоа што тоа го налагаат законите, конкретно Уставот, а Уставот е највисок закон од кој произлегуваат сите други закони. Значи во Уставот, во тој фамозен член 90, не е предвидено второ давање на мандат. Според тоа од самиот Устав произлегува нужноста за втори избори без разлика дали јас сакам или не сакам да има избори. Еве јас лично не сакам да има избори, но од друга страна како легалист, како човек кој се труди колку што може да ги следи законите, морам да го констатирам она што нужно следи од Уставот, а тоа е дека нема можност за второ давање на мандат било кому, освен распишување на нови избори, истакна Цуцуловски.

Универзитетскиот професор додава дека Уставот не се толкува, туку оти тој може да се менува доколку тоа ни одговара.

-Уставот да се толкува тоа е недозволиво, а тоа го бараат оние кои го составуваа Уставот и патем земале претпоставувам добри хонорари и кои сега не сакаат да сносат елементарна одговорност, не велам кривична или правна, туку човечка одговорност- да кажат граѓани извинете, не мислевме на се. Тие не претпоставиле на ваква ситуација, а должни се да претпостават, вели Цуцуловски.