Вести

Царина потврди: „Санос“ нема направено извоз на автобуси, Заев и Владата направиле измама со промоција на нови автобуси

Потврдена филмската измама на премиерот Зоран Заев, фирмата „Санос“ која има само тројца вработени, нема направено извос на автобусите, како што кажа Зоран Заев. Потврдено е дека нема нови автобуси, има сомнежи за голем криминал со перење на пари со поврат на ДДВ и конструирана приказна за измана на јавноста. На потег сега е Јавното обвинителство, кое треба да отвори истрага за овие сомнежи за криминал.

 

Од Царина добивме потврда дека фирмата „Санос“ нема направено извоз на автобуси, со што се потврдуваат сомнежите дека се работи за филмска измама од страна на премиерот Заев. Премиерот Заев очигледно ја потцени интелигенцијата на граѓаните и се обиде со евтина измама собере политички поени. Заев пред два месеци беше во посета на фабриката, каде изрази задоволство што еден домашен македонски производ излегува на странскиот пазар, очигледно лага, информација која беше демантирана од Царината.

-За мене е големо задоволство да бидам присутен денес овде на еден ваков настан, кога еден наш домашен производ излегува надвор освојувајќи странски пазари, а претставувајќи го квалитетот на нашата домашна работничка рака и на нашето домашно производство, изјави Заев тогаш.

Премиерот тогаш и кажа дека автобусите се подготвени да тргнат на пат, но тие се уште не се тргнати, а не се ни знае каде се. Експертите коментираат дека покрај сомнежите за финансиски криминал, ова е обид на Заев да измами граѓаните, со што би собрал политички поени.

-Овие автобуси коишто денеска се подготвени да тргнат на пат, претставувајќи ја нашата Македонија, посакувам, да го отворат патот за нови вакви извози, продажба на домашни производи и за Санос и за целата македонска економија, кажа Заев при посетата на „Санос“.

Сомнежите за криминал ги потврдуваат и информациите за кои веќе пишувавме овие денови. А тоа е дека во фабриката има само тројца вработени. За што добивме потврда и од Агенцијата за вработување, до вчерашниот ден, 18.09.2017, фабриката „Санос“ во заводот има пријавено само 3 вработени. Ова надополонето со тоа што фабриката нема ни опрема за правење на нови автобуси, ја потврдува информацијата дека станува збор за тежок криминал во кој се вмешани високи владини функционери.

Соседи на фирмата ја потврдуваат информацијата дека во овој криминал се вмешани луѓе од луѓе од Владата.

-Нема никој со години во фабриката, ниту се слуша звук или гледа активност, се зачудивме кога излегоа дека произвеле автобуси. Често се вртат луѓе кои ги гледаме на телевизија и се дел од Влдата, изјави граѓанин кој секојдневно ги гледа активностите на „САНОС“, активности кои како што вели и ги нема.

Еден очевидец на случувањата во „САНОС“ исто така ни ги потврди информациите дека можеби станува збор за проект преку кој треба да се перат пари. Тој ни кажа дека неколку дена пред посетата на премиерот Заев во фабриката, на паркингот на фабриката имало паркирани автобуси.

Економските експерти сметат дека позади оваа измама стои бизнис игра на моќници од власта кои сакаат да избегнат плаќање данок. За познавачите на ваквите прилики овде постои сомнеж за финансиска малверзација. Имено постои можност дека се работи за разработена мрежа каде компанијата набавува половен автобус и врши репарирање и потоа низ царината ги извезува како нов производ по што прави од државата фиктивен поврат на ДДВ со што се оштетува народниот буџет.

Потврда дека ова е само обид за измама на Заев дека се произведени нови автобуси, ни даде и човек кој живее веднаш до фабриката, тој ни потврди дека во фабриката имало паркирано автобуси неколку дена пред да дојде Заев, веќе скоро сигурно половни автобуси, кои премиерот ги презентираше како нови

После потврдата од Царината дека немало извос на автобуси, даночните инспектори и Јавното обвинителство добија полни раце работа, тие сега се на потег да ги истражат сомнежите за можен криминал, бидејќи граѓаните чекаат одговори.

Освен бројка на вработени потребна е инвестиција во машини. Состојбата на САНОС е поприлично лоша. Во 2003/2004 година неа ја купи бизнисменот Славе Распашковски за околу 1,5 милиони евра со цел да го обнови производството на автобуси и да врати на работа поголем број од поранешните работници. Оттогаш имаше неколку безуспешни обиди за рестарт на фабриката.

Последната понуда за продажба на САНОС била во 2005-та година од Волво, но не била постигната согласност поради превисоката цена која ја побарал управникот Распашковски.