Вести

Трудница го изгуби бебето на ГАК, доктор ѝ препишал вагиналети кои се нелегални

Млада трудница го изгубила своето бебе на скопската Клиниката на гинекологија откако матичниот гинеколог и препишал вагиналети за да го умртви бебето.

Таа била во 8-миот месец од бременоста.

Бебето починало веднаш. Докторите се бореле за да го спасат животот на трудницата. Вагиналетите кои и ги дал матичниот лекар не биле регистрирани за употреба во државата.

Ова е втор обелоденет нехуман случај неделава на Гинекологија откако четири новороденчиња починаа во еден ден додека дежурниот доктор не бил таму.

Од Министерството за здравство за дел од медиумите информираат дека за настанот известена била и полицијата.
-Министерството го разгледува и анализира и овој случај и во соработка со МВР ги презема сите неопходни чекори за целосно разрешување на случајот како и спречување на вакви случаи во иднина, информираат од МЗ.