Вести

Трибина „Жената-фактор за поголема безбедност во сообраќајот“

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и АМСМ денеска организираа сообраќајно – едукативна трибина, на тема „Жената-фактор за поголема безбедност во сообраќајот“ во чест на денот на жената, „8 Март“ на која учество земаа 150 жени возачи.

zeni rsbsp

Целта на настанот, според РСБСП, е потврдување на улогата на жената, како активен учесник во сообраќајот, но и како фактор кој може да влијае врз воспитувањето на децата, а воедно и на подигање на целокупната сообраќајна култура.

– Жените, како учесници во сообраќајот, имаат важна улога во подигнување на нивото на сообраќајната култура, а со тоа се зголемува и нивната одговорност и влијание врз безбедноста на учесниците во сообраќајот. Освен како пешаци и велосипедисти, денес, сѐ поголем број жени, активно учествуваат во сообраќајот како возачи на моторни возила и како мотоциклисти, а некои од нив и како професионални возачи. Почитување на сообраќајните правила и прописи и одговорно учество во сообраќајот, се фактори кои значително ќе придонесат за подобрувње на севкупнта безбедност во сообраќајот на патиштата, посочуваат од РСБСП.

Ако пред дваесетина години жените претставувале само незначителен процент од возачите, денес таа бројка се доближува до 50 проценти. Кога се во прашање жените и нивните навики во сообраќајот, беше истакнато дека тие речиси никогаш не возат со брзина поголема од дозволената, не поминуваат на црвено и не возат под дејство на алкохол. Агресивното возење не им е својствено на жените, а покажуваат поголема склоност и кон почитувње на сообрќајните правила и прописи.

– Сообраќајното воспитание и едукацијата на децата, во голема мера е доверено на мајката т.е. жената. Од тој аспект, за безбедноста на сегашните и идни учесници во сообраќајот, жените–мајките имаат огромна и важна улога во едукативно превентивното дејствувње врз децата уште од нивната најрана возраст, и тоа најпрвин преку својот личен пример за однесувањето во сообраќајот, а потоа и како родители, воспитувачки и наставнички во градинките и училиштата, преку постојано развивање и надградба на сообраќајната култура и знаења на децата, истакнаа од АМСМ.

На крајот на настанот беа поделени скромни подароци на присутните припаднички на понежниот пол со кој им беше честитан празникот на жената, 8-ми март.