Вести

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го враќа образованието назад во 2006 година

Денеска ВМРО-ДПМНЕ одржа трибина со Комисијата за образование на која се обратија магистерот по правни науки, Александар Богојевски, Татијана Стојанова Дуева, член на Комисијата за образование, Трпе Ристески, директор на Институтот за акредитација  на Република Македонија, како и модераторот Нермин Теловска.

Богојевски : СДСМ води погубна политика во образованието без стратегија

На денешната трибина на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ свое обраќање кон јавноста имаше магистерот на правни науки, Александар Богојевски, член на истоимената комисија. Богојевски направи споредба на работата на владата на СДСМ  со Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

„По однос на овие 3 месеци власт на СДСМ, можам да приметам, како лице кое работи во делот на високото образование повеќе од 8 години, дека се носат политики кои се погубни по однос на образованието во Република Македонија., бидејќи стожерот на една држава е образованието коешто ја движи економијата и целиот циклус во целото општество“. Истакна Богојевски.

Тој рече дека тие се тука да  зборуваат со факти и бројки и се осврна на кратењата на финансиските средства во Буџетот  за ставката образование, спроведени од владата на СДСМ.

„Повеќе од 25 милиони денари се кратат по однос на изградба на нови објекти и нови училишта, повеќе од 35 милиони се кратат за изградба на средни училишта. Исто така  се кратат финансиски средства за реконструкција на училиштата и за спортски објекти“-истакна Богојевски.

Тој потенцираше дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно градела спортски објекти и спортски капацитети во државата, дека реконструираа повеќе од 400 училишта, а Владата на СДСМ го крати буџетот за реконструција и изградба на нови или постојни  згради. Тој потенцираше дека СДСМ работи без стратегија и продолжува да работи како и пред 2006, со шминкање на постојните згради и без акцент на образованието со погубни политики кои водат до намалување на работни места и квалитетот на образованието.

Стојанова Дуева: Новата ера ќе дојде и во образованието

Татијана Стојанова Дуева, член на Комисијата за образование , на денешната трибина на истоимената комисија ги изрази своите ставови за работата на Владата на СДСМ  за 4 месеци откако се на власт.

Таа потенцираше дека СДСМ се обидува да собере ситни поени пред изборите со тоа што ќе ги укине наставните часови. Со намалување на бројот на наставните предмети ќе почне да се отпушта наставниот кадар

„Во 2006 година ВМРО-ДПМНЕ наследи 13 милиони денари, додека СДСМ во 2017 наследи 23 милиони денари во буџетот на Министерството за образование. Овде станува збор за зголемувањ ена инвестициите во здравството за 86%“- истакна таа.

„Новата ера на ВМРО-ДПМНЕ почнува со образованието. Младите се нашата иднина. Ние спроведуваме политики за најдоброто на нашите млади и видливи се промените кои ВМРО-ДПМНЕ ги направи во образованието.“ рече Стојанова Дуева.

Стојанова Дуева заклучи дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ им помогна на наставниците да им се среди работниот однос  со негова трансформација.

Ристески: ВМРО-ДПМНЕ инвестираше 1,6 милијарди денари  за опремување на 80 лаборатории во сите високообразовни научни институции

Трпе Ристески, директор на Институтот за акредитација  на Република Македонија имаше свое обраќање на денешната панел дискусија на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

-Образованието и науката се главен двигател во било кое општество и го одредуваат правецот на неговиот развој. Се наоѓаме во ситуација каде СДСМ го руши високото образование без насока каде ќе продолжи понатаму-рече Ристески.

Тој го потенцираше проектот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ за опремување на лаборатории во високообразовните институции.

-ВМРО-ДПМНЕ инвестираше 1,6 милијарди денари  за опремување на 80 лаборатории во сите високообразовни научни институции без разлика на кој Универзитет или факултет припаѓаат.

Бев лично вклучен во тој проект и знам дека секој професор што и да побараше од материјали и опрема  му беше удоволена од Владата на ВМРО-ДПМНЕ.“

Тој потенцираше дека иако буџетот бил многу помал,  Владата направила специјален ребаланс за да му излезе во пресрет на  овој проект, додека пак сега СДСМ го намалува буџетот во образованието без конкретни планови.

Теловска: Визијата на ВМРО-ДПМНЕ  е да имаме квалитетно образование

Модераторот на денешната панел дискусија на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Нермин Теловска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се залага за квалитет во образованието за децата уште од најрана возраст.

Таа истакна дека за брзо време ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт за да ги продолжи проектите во образованието за квалитетен образовен кадар.

-Нашиот Претседател, Никола Груевски,  најави нов проект „Бесплатна ужинка“ кој ќе биде подготвуван од  стручни лица, нутриционисти за да може да имаме здрава исхрана во училиштата и градинките-рече Теловска.

Таа истакна дека тенденцијата на ВМРО-ДПМНЕ  е да се залага Македонија да биде дел од земјите кои имаат универзитети на Шангајската листа, заради тоа што како партија се залагаат за поквалитетно образование кое е иднината на нашата држава.