Вести

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ: Нашите енергетски проетки имаат економска и еколошка корист, СДСМ е непосветен на енергетската област

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со трибините, кои се еден од начините на кои најбројната партија е во постојан контакт со граѓаните. На денешната трибина се Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ говореше за енергетскиот развој на Македонија. Модератор на денешната дискусија беше Камелија Спасова.

Јотевски: Нашето поднебје овозможува да може да се произведува електрична енергија од сонцето

Енергетиката влијае на екологијата, производството на електрична енергија е нешто што е неопходно во нашата држава, но во исто време мора да внимаваме и на екологијата, истакна Љупчо Јотевски на денешната трибина на Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ на тема алтернативни извори на енергија.

-Од тие причини во минатиот период посебно внимание се даваше на алтернативните извори на електрична енергија. Би го споменал ветерниот парк во Богданци каде со 16 ветерници има инсталирана моќност од 36,8 мегават часови со годишно производство од над 100 гига киловатчасови електрична енергија. Кај нас такви ветерни паркови би требало да се направат повеќе, вели Јотевски.

Тој вели дека како алтернативно решение во производството на електрична енергија во Македонија може да се искористи тоа што нашето поднебје, според проценките има 283 сончеви денови во годината.

-Нашето поднебје овозможува да може да се произведува електрична енергија од сонцето, нагласува Јотевски.

Миладинов: Владата на ВМРО-ДПМНЕ почна да ја спроведува гасификацијата, доколку новата не ја стопира за 2,5 години најголемите градови ќе бидат гасифицирани

Крсте Миладинов, кажа дека на денешната трибина своето место мора да го најде и гасот. Тој кажа дека Македонија мора да има производство од 20 проценти преку алтернативни извори на енергија, сепак тој кажа дека останува дел од енергијата кој мора да се набави од негде, бидејќи изворите на енергија во Македонија се релативно ограничени.

-Може да избираме помеѓу внес на електрична енергија, на мазут, нафта и други деривати. Но, сепак како едно од најповолните и најисплатливи деривати во овој момент и во наредните 20 до 30 години е природниот гас. Прво тој е еколошки чист, се нарекува и сино гориво, тоа значи дека загадувањето е сведено на минимално ниво, односно до нула. Без разлика што не е алтернативен извор на енергија, според високите еколошки стандарди кои ќе бидат наметнати во наредните 10 до 20 години, природниот гас го наоѓа своето место, изјави Миладинов.

Тој кажа дека 15 години била стопирана гасификацијата на Македонија, потрошувачката била намалена на мининмални 10 проценти, поради тоа Владата на ВМРО-ДПМНЕ направи проект за гасификација на Македонија.

-Од овие големи проекти веќе се опфатени изградба на 270 километри магистрален гасовод, доколку непречено се одвива изградбата би требало во наредните 2 и пол години да се гасифицирани најголемите градови во Македонија, изјави Миладинов.

Стојановски: Намалувањето на цената на енергенсите кое го направи мината власт, носи раст на економија на секое поле

Иван Стојановски кажа дека колку поголема снабденост има со енергенси, толку се поевтини тие енергенси.

-Во однос на компаниите, колку се помали нивните трошоци, за толку се зголемува нивниот профит, колку се зголемува нивниот профит толку ние може да очекуваме дека тие компании ќе инвестираат повторно во економијата, тие компании ќе вработуваат луѓе и ќе намалуваат невработеноста и крајот заедно со компаниите и домаќинствата, БДП ќе расте, изјави Стојановски.

Тој кажа дека со намалувањето на цената на енергенсите доаѓа до збогатување на населението и домаќинствата.