Вести

Трајковски: Сетете се каква општина беше Дебрца пред 4 години и каква е денес, а според програмата каква ќе биде во иднина

Низ сиот изборен циклус се обидовме до Вас да ја доближиме и презентираме програмата на ВМРО-ДПМНЕ за локалниве избори. Во очи на изборниот молк би сакал од вас да ги согледате проектите кои ги остваривме во текот на изминативе четири години како и проектите кои ќе ги спроведиме понатаму, изјави денеска кандидатот за градоначалник на општина Дебрца од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Трајковски.

Тој денеска презентираше фотографии од општината пред само четири години и ги повика граѓаните да размислат каква била, каква е таа денес, па и како ќе биде според презентираната програма.

-Ние го бараме вашиот глас бидејќи тој е двигател за понатамошна работа во општина Дебрца. Без вашата доверба не би можело да се реализира ниту еден проект. Затоа пред изборниот молк добро размислете за секоја област, за секој сегмент во општина Дебрца, ќе согледате дека нашата работа беше сестрана и исполнителна. Знаеме дека секогаш постои можноста повеќе и подобро и кон тоа се стремиме и ќе се стремиме, никогаш не сме размислувале за помалку туку за повеќе, за подобра општина за подобро утре. Секогаш тоа сме го постигнувале со работа и затоа денес можеме пред вас да стоиме и да зборуваме со непобитни факти. Секаде каде што е потребен проект кој треба да се реализира ќе го направиме, тоа е наша должност, истакна Трајковски.

Но, за да се спроведе сето тоа, рече Трајковски, и во интерес на продолжување и започнување на нови проекти во Општина Дебрца ја барам повторно Вашата доверба, бидејќи на тој начин заедно сплотени ќе ја направиме Дебрца поразвиена. Кандидатот за градоначалник потенцира дека Дебрца тоа го заслужува.

-Заедно ќе успееме на 15 отомври, само уште неколку часови до она што значи континуитет на  преродбеничка Дебрца. Затоа Ве повикувам сите масовно на 15 октомри во недела во што поголем број да ја поддржите политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, да ја дадете поддршката за мене како повторен градоначалник на Општина Дрбрца и за листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ со носителот Моника Мацеска. Тоа е вистинската комбинација за успех и успешна Општина Дебрца. Одиме кон нова победа бидејќи за Дебрца се работи, посочи Трајковски.