Вести

Тодоров: Пеењето на албанска химна и кршењето на Деловникот доведе до зголемување на револтот кај граѓаните

Пратеникот Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5, на обвинувањата од страна на пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски дека од ВМРО-ДПМНЕ го организирале упадот во Собранието на 27 април, рече дека нема логика тоа да го организирале неговата партија или лидерот Никола Груевски.

Тодоров потенцираше дека се пеело албанска химна, се кршел Деловникот при избор на спикер и потоа се случи нападот. Смета дека тоа довело до влошување на состојбата и зголемување на револтот кај граѓаните и вели дека едно зло носи друго зло.

-Ниту сум знаел што ќе се случи, ниту имало што да се знае. Ова е катастрофално немил настан, рече Тодоров.

Тородов, во „Само вистина“, го запраша пратеникот од СДСМ Оливер Спасовски зошто изборот на спикерот Талат Џафери се случи во 18 часот, а не порано.