Вести

Тодоров: Ако ние навистина сме назадувале, тогаш не би добиле позитивна препорака, ниту позитивен извештај

Имајќи предвид дека ние по ред имаме повеќе позитивни препораки за отпочување на преговорите, а целиот процес е застанат, ако ние навистина сме назадувале во сите овие полиња- судство и сите останати области, ние тогаш не би добиле позитивна препорака, не би добиле ни позитивен извештај.

Ова го истакна Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ во „Само вистина“ на ТВ Канал 5.

-Ние имаме, би рекол, малку чудна ситуација- да од една страна ги исполнуваме сите оние обврски кои што од нас се бараат, тоа е евалуирано соодветно со тоа што имаме добиено позитивен извештај, но на крај изостанува почеток со преговорите, додаде Тодоров.