Вести

Тилевски: Охрид треба да продолжи со нови проекти и да го усовршува вистинскиот европски и современ лик

На премиерниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, пред граѓаните се обрати и кандидатот за градоначалник на Охрид Митко Тилевски. Тој кажа дека му причинува особена чест и задоволство, денес токму од оваа говорница со означувањето на почеток на големата кампања за овие локални избори, да Ве поздравам и да ја најавам големата изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид и низ целата Татковина.

 

-Македонци, Турци, Срби, Египќани, Власи, Роми, Бошњаци, Албанци, Застануваме гордо, со визија и сила. Дали сте подготвени да одиме и чекориме во нови победи? Целата оваа љубов и позитивна енергија што произлегува од вас е доказ за новата победа на овие локални избори. Да продолжиме таму кај што застанавме, со нови идеи, проекти и дела, затоа што Охрид и може и знае уште подобро. Моето срце чука со илјадници срца за подобро утре. Вие ме знаете, ние се познаваме и знаете дека ќе создадеме уште повеќе за нас, за Охрид. Јас еднаш сум положил заклетва дека етички ќе ја извршувам должноста во мојата професија како доктор. Горд сум на тимот што веќе деценија бевме институција за почит и направивме многу позитивни работи за Охрид, изјави Тилевски.

Тој кажа дека во оваа трка влегува со чисто срце и душа, без валкани раце, со чисто досие и чист образ, без афери и без ниту една црна дамка во својата професионална кариера.

-Заклетвата е света работа, затоа сега пред вас одговорно тврдам дека како иден градоначалник на Охрид најсовесно ќе ја извршувам својата обврска и должност кон граѓаните. Имам визија и мисија како Охрид да продолжи со нови проекти и да го усовршува вистинскиот и европски и современ лик. Околу мене има тим советници докажани во својата фела, полни со знаење, ентузијазам и со вистинска љубов кон Охрид и охриѓани. Ве уверувам дека како граѓанска, демохристијанска, десничарка опција секогаш нашата цел е остварување на сите прогресивни процеси во Охрид и Македонија. Единствени си стоиме на зборот. Нашата задача е решенија и дела затоа што идејата мора да се живее. Ете затоа имаме Отчет пред народот, изјави Тилевски.

Тој кажа дека пружена е рака на секој граѓанин. Тилевски напомена дека сите се една целост, едно заедништво, една душа. Секое катче, секоја улица, секој праг е Охрид. Нашата сила е нашиот народ, нашиот народ е нашата држава.

-Јас вистински го сакам својот град, работам за него и во него со срце, го сакам со дела! Да го решиме секој граѓански проблем и да ги исполниме нашите ветени обврски. Заедно ќе се водиме со инспирација, идеја и успех за да реализираме инвестиции, а локалните проблеми да ги ставиме пред личните интереси. Воден од позитивната енергија, работа и посветеност секогаш со чесност, хуманост, семејни вредности, единство, остваруваме проекти, верба и јасна програма. ВМРО-ДПМНЕ во Охрид најмногу градеше, а така ќе продолжиме и понатаму со храбри и одлучни потези. Следи светла иднина за Охрид, изјави Тилевски.

Тој напомена дека остварување на долгорочен и економски раст, зголемување на конкурентноста и вработеноста како и подобрувањето на животниот стандард на охриѓани ќе бидат приоритетет на идната локална самоуправа.

-Стратегиските цели на јасно дефинираната програма ќе бидат: Работа за сите, економски пораст и развој на Охрид, создавање нови работни места и намалување на стапката на невработеност и унапредување на туризмот и меѓународна соработка на градот. Доколку ја добијам вашата поддршка за градоначалник на локалните избори коишто следат ве уверувам дека приоритетните проекти ќе бидат реално остварени и целосно покриени од локалната самоуправа.

Тој претстави дел од главните проекти на градот Охрид за наредните четири години.

– Прва цел ќе биде туризмот според неговите зборови. Силна промоција на туристичките капацитети на Охрид, со сериозна стратегија и пристап, директно придонесуваме во локалната економија која после долги години на пад и стагнација, во последните неколку години даде оптимистички показатели, вели Тилевски.

– Комплетна реконструкција на Булевар Туристичка, реконструкција на коловозот, атмосферска канализација, водоводна мрежа по потреба, изградба на пешачка и велосипедска патека, хортикултурно уредување, е една од мерките кои ги кажа Тиелвски.

– Изградба на Кеј, ново лице на градот, ќе се пристапи кон уредување на градскиот кеј при што ќе се изгради модерно шеталиште во кое охриѓаните и гостите ќе можат да поминуваат дел од своето слободно време, е уште една од главните проекти на Тилевски.

– Реконструкција на градските плоштади Св. Климент Охридски и Крушевска Република, двата плоштада со нов и модерен лик и изградба на нов плоштад Студенчишта, ново препознатливо место за Охрид со повеќе активности, кажа Тилевски.

– Изградба на велосипедска патека Охрид – Свети Стефан, со оваа патека, охриѓани и гостите ќе имаат можност да го користат своето време активно, практикувајќи здрави навики за возење велосипед, кажа Тилевски.

– Изградба на социјални станови, семејствата со социјален ризик да добијат свој дом, е уште еден од проектите од програмата на Тилевски.

Тој најави и големи инвестиции во спортот.

– Нова трибина и соблекувални на Билјанини извори

– Изградба на повеќенаменски спортски и детски игралишта и балон- сала.

Во програмата на Тилевски се планираат и големи инвестиции во образованието.

– Бесплатна здрава храна за ученици од прво со петто одделение, грижа за стекнување на здрави животни навики за учениците

– Субвенционирање на дел од патните трошоци на просветните работници кои патуваат до своето работно место

– За подобрување на условите во образованието ќе инвестираме во реконструкција на училиштата, градинките, во изградба на училишни спортски сали како и стипендирање на талентирание и социјални категории ученици од Охрид.

Тој најави и инвестиции во културата и инфраструктурата.

– Реконструкција и санација на културно-историските знаменитости, куќите и објекстите што се заштитено културно-историско наследство во Охрид и поддршка на манифестациите кои се обележје на градот.

– Инфрастуктурните активности, реконструкција и уредување на улиците, велосипедските и пешачките патеки, хортикултурното уредување ќе бидат наше секојдневие. Со уредувањето на нови и одржувањето на постојните паркови допринесуваме за поубав и позелен лик на градот.

Тој кажа дека тие секогаш имаат доверба во младите и затоа развојот на претприеачкиот дух ќе биде зајакнат во Охрид.

-Со кренати глави кон иднината, со сила и чест, борба и стремеж. Кога неправдата е на сила, непокорот е единствениот пат кон правдата. Непобедени, непокорени, сплотени, единствени. Главата горе горди охриѓани, ова е вашиот и нашиот град. Вие одлучувате! Охрид мора да продолжи да го задржи својот сјај. Охриѓани знаете што е вашата цел, знаете каде одите и во што верувате. Јас сум убеден и знам дека не сакате да останете заглавени во нечиј лавиринт на безидејност и наметнати проблеми. Вие сте поголеми од тие што го создадоа хаосот. Брутално погазување, лицемерие, цензура, шок и хипокризија. Не, нема да дозволите друг да ви каже што треба за да одлучувате за својот живот, изјави Тилевски.

Тој кажа дека остануваат на нозе и продолжуваат напред по патот на достоинството и можностите.

Тој ги запраша граѓаните на Охрид, што досега има направено ВМРО-ДПМНЕ, а што СДСМ за нивниот град.

-Дали сакате да го вратиме Охрид на десетици и десетици милиони евра долг кој што го остави Петрески, со можност до 2021 да станат 100 милиони или го сакате Охрид со десетици реализирани проекти, голем број туристи и многу повеќе новоотворени работни места, ги праша Тилевски охриѓани.

Тој кажа дека вистинскиот Македонец никогаш не се откажува. Вистината е наша страна. Продолжуваме по патот на нашите предци.

-Со пенкалото се одлучува за нашиот Охрид. Со мисија да се фокусираме кон проблемите и да не се откажеме од вербата, без предавање и повлекување. Со посветеност и достоинство – сите заедно сплотени кон новата иднина за Охрид.
Заедно пак по вистинскиот пат дојдете сите по нас. Наш сон, наша надеж, наша иднина. Ве повикувам сите граѓани на Охрид да продолжиме да ја пренесуваме позитивната енергија и силната мотивираност до секој еден наш сограѓанин за да се сфати нашата порака за победа на 15 октомври, уште во првиот круг. Бидете со нас во оваа пресудна и историска трка за Охрид, вие го заслужувате Охрид, Охрид ве заслужува вас. Ете затоа од Охрид, затоа вечерва од лулката на словенската писменост ве молам нека одекне гласот на Македонецот, нека чујат сите дека охриѓани се за продолжување на напредокот, принципите и вредностите на овој град и на ова парче земја.

Тој кажа сите тие ќе продолжат да работат за градот Охрид, за граѓанските интереси за сигурна иднина. Затоа Тилевкси за крај порача: секогаш работа, секогаш Охрид, секогаш Македонија.