среда, 22. август 2018. Вести денес: 0
home Вести

Тешка сообраќајка вечерва кај Гиновци: Две лица повредени, сообраќајот во прекин

Тешка сообраќајка вечерва кај Гиновци: Две лица повредени, сообраќајот во прекин

Две лица се повредени во сообраќајката што се случи вечерва во 18:20 часот на магистралниот пат Куманово -Крива Паланка пред селото Гиновце.

Сообраќајката се случила при судир меѓу моторно возило БМВ со кумановски таблички и трактор.

Повредените се наоѓале во тракторот и со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Здравствениот дом во Крива Паланка од каде информираат дека се уште им се укажува медицинска помош.

Сообраќајот се уште во прекин, а увидот се врши од страна на полициски екипи.