недела, 19. август 2018. Вести денес: 0
home Вести

Температурните шокови предизвикуваат здравствени проблеми

Температурните шокови предизвикуваат здравствени проблеми

Температурната разлика од 20-тина степени во едно деноноќие лошо влијае врз здравјето, не само на хронично болните туку и на здравите лица, предупредуваат лекарите.

Деновиве во Брзата помош совети барале и граѓани кои претходно немале болест туку поради температурниот шок чувствувале здравствени проблеми.

-Многу пациенти се јавуваат не знаат да си објаснат зошто им се случуваат некои работи. Поточно овие температурни разлики влијаат и кај здравите луѓе, се јавува една состојба, лично чувство на замор, летаргија, поспаност и неможат да го објаснат. Значи нема здравствена причина односно болест која што го предизвикува туку едноставно организмот нема време да се аклиматизира на оваа нагла промена на температурата и има потреба да се одмори односно аклиматизира, изјави за Сител д-р Марија Анастасова, шеф на смена во Брза помош Скопје

За полесно организмот да се прилагоди на драстичните температурни промени лекарите советуваат да се практикува физичка активност во текот на целата година.

-Почесто да се пешачи и да се практикува редовна физичка активност, додава д-р Анастасова.

Инаку ваквите температурни шокови најмногу се изразени во пролет и на есен, но поради климатските промени последните години драстични разлики во температурата во едно деноноќие има и во зима и на лето.