Вести

Сузана Спасовска: Чувајте го ова парче земја Македонци! Чувајте ја Македонија!

Чувајте го ова парче земја Македонци! Чувајте ја Македонија, порача на денешниот масовен протестен марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Скопје, фолк пејачката Сузана Спасовска.

Посочи дека граѓаните на Македонија нема да дозволат никој да си поигрува со нивната судбина.

– Нека му е јасно секому во оваа држава и во целиот свет дека Македонското име нема да загине, истакна Спасовска.

Таа посочи дека ако го дадеме името, ќе се закопаме во гроб на кој нема да постои натпис со име, додавајќи дека јазикот и името им припаѓаат на идните генерации.