Вести

Струмичкиот театар ќе учествува на три меѓународни фестивали

Ансамблот на Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица ќе учествува на три меѓународни фестивали – во Турција, Шпанија и во Русија.

 

teatar-zavesa

Претставите „Kамин“ и „Таа“ во режија на актерот и режисер Васил Михаил на 22 март ќе гостуваат во Анталија, Турција, како и во Денија, Шпанија, на фестивал од 1-ви до 10 јуни. Претставата „Мурлин Мурло“ во режија на Ана Батева од 20-ти до 30 јуни ќе гостува во Екатеринбург, Русија.

Според директорот на театарот Драган Маџиров, гостувањата се голем успех за овој мал театар.

– Се надеваме дека нашите претстави ќе бидат одлично примени на овие меѓунардони фестивали. Ова е навистина голем успех за нашиот театар, кој според големината е еден од помалите. Искуствата секако дека ќе се добредојдени, како за актерите, така и за Струмичкиот театар и во остварување контакти и соработка со други театарки куќи. Заслугата за меѓународнната промоција е на целиот тим на нашиот театар, рече Маџиров.

Тој соопшти и дека Центарот за култура „Антон Панов“ ќе го одбележи 27 март – Светскиот денот на театарот, а во понеделник ќе се одигра претставата „Камин“ во Завод за рехабилитација „Бања Банско“.