Вести

Струмичани со масовна поддшка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА

Пораки за заедничка Македонија на сите граѓани упатија вечерва од градскиот плоштад група граѓани кои се вклучија во иницијативата „За заедничка Македонија“.

strumica

Од пред споменикот на Гоце Делчев, говорниците порачаа дека народот ја чува Македонија и нејзиниот идентитет.

Им забележаа на дел од албанските политичари за негирање на државотворноста на Македонија искажани при јкавни настапи, истакнувајќи дека корените на Македонците датираат векови наназад.

Претставникот на турската заедница во Струмица, истакна дека е македонски Турчин, кој како што рече, сака да живее заедно со своите сограѓани со исти права, додавајќи дека Македонија е неговата татковина и дека тие како етничка заедница ќе застанат на браникот на нејзиниот опстанок.

Групата граѓани ги прочита и пораките за зачувување на унитарноста на Макеоднија, службен јазик македонскиот, со поставени знамиња на сите места кои се со закон пропишани, дебата околу измени на правото на гласање и парични казни доколку не е исполнета оваа граѓанска обврска…

Граѓаните потоа тргнаа во мирен марш низ централното градско подрачје.