Вести

Стопанската комора на Македонија одбележува 95 години работење

Стопанската комора на Македонија денеска одбележува јубилеј, 95 години од коморското организирање и работење во Република Македонија. По тој повод, организира тркалезна маса на тема „Позицијата на малите земји во меѓународната економија – предности и недостатоци“.

На тркалезната маса ќе присуствуваат најуспешните бизнисмени од регионот, како и истакнати државници, професори и истражувачи, меѓу кои Мило Ѓукановиќ, Стјепан Месиќ,  Владимир Глигоров,…

Гости ќе бидат и Александар Влаховиќ, главен организатор на Копаоник бизнис-форумот, Миодраг Костиќ, претседател на „МК Груп“ – Белград, Бранко Роглиќ, сопственик на „Орбико“ – Загреб, Џемал Инаишвили, претседател на Конфедерацијата на азиско-пацифичките трговско-индустриски комори и член на Генералниот совет на Светската коморска федерација, претседателите на стопанските комори на Србија и Косово,  Светозар Јаневски, Кочо Анѓушев, Глигор Бишев и други реномирани претставници од науката и бизнисот од земјата и од странство.