Вести

Стефаноски: За само пет месеци, Оливер Спасовски направи 250 незаконски распоредувања во МВР

За само 5 месеци Министерството за внатрешни работи се претвори во партиска полиција на СДС. Со цел, да може МВР да биде партиска испостава на СДС министерот Оливер Спасовски изврши целосна партизација на министерството и ги смени сите професионалци во него, вели Милан Стефаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Професионализмот и криминалот не одат заедно, затоа Оливер Спасовски спроведе стотици незаконски распределувања во министерството и постави партиски послушници. За само пет месеци, на ниво на Македонија се направени над 250 незаконски распоредувања во Министерството за внатрешни работи. Во Битола се направени над 19 незаконски распоредувања. Во Велес над 36 незаконски распоредувања. Во Тетово над 32 незаконски распоредувања. Во Струмица над 22 незаконски распоредувања. Во Охрид над 15 незаконски распоредувања. Во Скопје над 13 незаконски распоредувања. Во Штип над 11 незаконски распоредувања. Во Гостивар над 8 незаконски распоредувања. Во Куманово над 6 незаконски распоредувања. Во Крушево 4 незаконски распоредувања. Во Демир Хисар 2 незаконски распоредувања. Во Македонски Брод 2 незаконски распоредувања, истакна Стефаноски.

Тој додава дека овие незаконски распоредувања во министерството и замената на професионалците со партиски послушници има за цел да се деградира целосно Министерството за внатрешни и да се премолчува пред сите нерегуларности. На 15-ти октомври ќе пристигне казната за ваквото работење.