Вести

Стефаноски: Министерството за внатрешни работи веќе е оружјето на СДСМ во пресрет на локалните избори

Граѓаните го паметат и настанот на началниците на СВР Струмица и Куманово кога на само неколку дена пред парламентарните избори во декември исто така незаконски беа поставени на своите функции и направија сериозни кривични дела, едниот од нив на лице место ослободи лице кое направи кривично дело напад на овластено службено лице при вршење на својата должност, истакна на денешната отворена дебата со  Комисијата на ВМРО-ДПМНЕ, Милан Стефаноски.

-Исто така при претрес во домот на началникот на СВР Куманово беше најден изборен материјал и ова е доказ дека СДСМ кога ја презема власта притисоците стануваат нивни метод на работа и нивна слика. Вперувањето на оружје на кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ само заради тоа што е член на партијата и да оди на своја партиска конвеција, тогаш сите ние денес можеме да заклучиме дека ни претстојат загрижувачки денови во изборната кампања и самиот изборен ден, вели Стефаноски.

Тој вели и дека партизираното МВР веќе почнало да дејствува во контекст на локалните избори.

-Во овие за мене небезбедни 100 дена видовме многу пропусти и инциденти, Оливер Спасовски е министер кој лично не им верува на своите безбедносни системи и правосудни па со скандалозната изјава за „Диво насеље“ дека ќе ангажирал меѓународна истрага, тоа само се потврдува. Мислам дека СДСМ, МВР и самиот министер Спасовски не знаат да раководат со овакво министерство и со вакви безбедносни предизвици, рече Стефаноски.