Вести

Србов: „Политичар“ како Заев нема ни во земји од третиот свет

По изјавата на премиерот Зоран Заев за бугарска телевизија дека цар Самоил рекол дека е син на Господ, а не Македонец или Бугарин, на социјалните мрежи се огласи со свој коментар Никола Србов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев: „кога го прашале Самоил што си ти, Македонец или Бугарин? Тој рекол јас сум син на Господ.“
Прво: Цар Самоил никој не го прашал такво нешто.
Второ: Во тоа време термините „Македонец“ и „Бугарин“ немале исто значење со денешното кое го имаат.
Трето: Ниту еден македонски историчар не пишал дека Самоил по етничка припадност бил Македонец или Бугарин бидејќи не бил ни едното ни другото, македонските историчари пишуваат за државата која била создадена во негово време, за бугарската етничка припадност на Самоил пишуваат бугарските историчари на што се чуди светската историографија. Етничката припадност може да му се определи од имињата во неговата фамилија, бидејќи нема други докази, и најприближно е дека бил Ерменец. Но ете, Заев ќе ни го проверува знаењето, методолошки ќе докаже колку чушки и френки кркал Царот на ден.
За каков капетан гласавте народе…….. ваков „политичар“ нема ни во земји од третиот свет, пишува Србов на Фејсбук.