вторник, 19. јуни 2018. Вести денес: 94
home Вести

Сочувство од Груевски за смртта на Адеми: Беше вреден, лојален и чесен човек, Македонија ќе го запомни како министер кој направи многу позитивни проекти и реформи

Сочувство од Груевски за смртта на Адеми: Беше вреден, лојален и чесен човек, Македонија ќе го запомни како министер кој направи многу позитивни проекти и реформи

Поранешниот премиер Никола Груевски на социјалните мрежи изрази сочувство за смртта на екс министерот Адбулаќим Адеми, кој вчера беше погребан во родното место.

-Почина Абдулаќим Адеми. Тој беше член во владата која ја предводев и промени три позиции, потпретседател на Владата за спроведување на рамковниот договор, министер за животна средина и министер за образование. Добро го запознав и покрај како соработник, го чувствував и како пријател. Ќе го паметам како личност кој беше пред се добар, чесен и тродољубив човек и министер. Личност која носеше добрина и човечност во себе. Личност што сакаше секому да помага, да решава проблеми и да работи. Беше човек кого можам да го сврстам во групата на оние кои држат до дадениот збор, стои во објавата на Груевски.

Груевски вели дека и покрај долгогодишното работење на високи државни функции, тој никогаш не се променил или возвишил, не го обзема ниту ароганција, ниту надменост.

-Остана скромен, ненаметлив и човек кој знае внимателно да го ислуша соговорникот, да размисли, да разбере и да разговара искрено и со силата на аргументите. Само мудрите луѓе го можат тоа. Остана на земја, остана човек. Даваше се што е во негова моќ да си ги заврши работите, и можам да кажам дека беше човек кој внимаваше каков впечаток ќе остави кај било кого од околината, не само како министер, туку пред се како човек. Со сите се однесуваше со почит, независно на нивната позиција, и беше почитуван од околината. Беше човек, кој со својата сериозност, смиреност, разумност и стабилност влеваше доверба кај секого. Со болка во душата ја примив веста за неговата смрт. Искрено жалам што заради присуството во судот вчера не бев во можност да присуствувам на неговиот погреб. Неговото семејство, има причина да бидат горди на својот сопруг и татко. Неговата партија загуби вреден, лојален и чесен човек на функцијата генерален секретар. Македонија ќе го запомни како министер кој направи многу позитивни проекти и реформи. Замина прерано. Бог да го прости. Нека му е лесна земјата. Почивај во мир Абдулаќим, завршува Груевски.