Вести

Со кое лице докторот-митаџија Ставриќ плука по досега најголемиот проект во македонското здравство?

Дејан Ставриќ, докторот кој јавноста го памети поради земање мито за посредување за добивање на инвалдиска пензија, гостуваше во 24 Анализа на Телевизија 24, каде го критикуваше проектот за изградба на нов Клинички центар „Мајка Тереза“.

За докторот-митаџија воопшто не е важно што со новиот клинички центар ќе бидат поставени и нови стандарди за квалитет на здравствените услуги во Македонија, па критикува и плука по досега најголемиот проект во македонското здравство.

Инаку, во месец февруари, Апелациониот суд потврди дека докторот Дејан Ставриќ е виновен поради стореното кривично дело примање награда за влијание, а поради добивање на пензија.

– Апелациониот суд во Скопје ја потврдил пресудата за Дејан Ставриќ, преиначувајќи ја во делот на санкцијата, од ефективна казна од една година, во условна на една година затвор која нема да се изврши доколку обвинетиот во наредните три години не стори ново кривично дело,  изјави тогаш Дејан Ристовски, портпарол на скопска единица.

Ваквата пресуда на скопска Апелација доаѓа откако претходно Кривичниот суд по вторпат го осуди на затворска казна од една година за посредување за инвалидска пензија, каде што беше обвинет дека барал поткуп од 2.000 евра од прилепчанец.

Ставриќ беше фатен со две илјади евра обележани пари, за што имаше и видео докази што ги виде целата јавност.

Тој во мај 2014 година беше приведен во близина на Транспортниот центар во Скопје, а кај него биле пронајдени обележаните пари. Погледнете го видеото од апсењето.

Инаку, вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров и претставници на компаниите Гранит, Бетон и италијанската ИНСО системи денеска го потпишаа договорот за изградба на нов клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Вредноста на договорот изнесува околу 72 милиони евра, а предвидува градежните работи да завршат во рок од 45 месеци од почетокот на градбата.

За значењето на овој комплекс говори и фактот дека годишно минуваат повеќе од 800.000 пациенти.