сабота, 20. јануари 2018. Вести денес: 2
home Вести

Со гости од земјава и странство дочекана Новата Година во Охрид

Со гости од земјава и странство дочекана Новата Година во Охрид

Во весела атмосфера на плоштадот на македонскиот Ерусалим, Охрид, со гости од балканските држави и од Македонија, беше дочекана Новата 2018 година.

И покрај ниските температури, забавата почна вчера напладне кога за најмладите имаше посебна програма во куќичката на плоштадот.

Вечерта продолжи со богатата музичка понуда. Гостите на плоштадот ги забавуваа Даниел Кајмаковски, Анита Мицова, ансамблот Билјана, Ирма Гогова и Ивана Коскоска од OhridSUPERSTAR и диџеј Реџи Рулс. Со свои перформанси се претставија и баскер уметници.

За посетителите на градот кои пристигнаа со автомобили, охридската полиција вчера подели новогодишни лампиони со превентивна порака да возат внимателно и да не конзумираат алкохол за време на празниците.