Вести

СНИМКИ ОД ПОТКУП НА ГЛАСАЧИ: Партиската полиција на СДСМ претворена во гестапо- дели пари, зејтин, брашно… (ВИДЕО)

Полицијата наместо да ги штити интересите на граѓаните и да го брани правото на глас, учествуваше во поткупот на гласовите и изборниот фалсификат кој го спроведе СДСМ. МВР на чело со Оливер Спасовски вршеше заштита на изборниот криминал кој се одвиваше на терен на денот на изборите и за време на целата кампања. Министерството и Спасовски го штитеше криминалното подземје и криманлците кои во предизборието беа пуштани на отсуства од македонските затвори за да ги вршат прљавите работи за СДСМ. СДСМ ги ослободи Агим Красниќи и Бајруш Сејдиу токму поради оваа причина, пренесува Денешен.мк.

Во Велес како и во другите поголеми градови полицијата вршеше притисоци и во голем број беше излезена на терен. Во Велес поконкретно полицијата го штитеше и прикриваше поткупот на гласачи кој се одвиваше во ромското маало. Улицата која води кон ромското маало беше затворена, а како што може да се види од видеото граѓаните кои се движеа во тој правец беа претресувани и малтретирани.

За цело тоа време партиски функционери од СДСМ беа на терен во полициска придружба и купуваа гласови. На видеото подоле како што може да погледнете директорот на јавното претпријатие Лисиче и функционер на СДСМ ја надгледува работата на полицијата додека неговите сопартијци вршат поткпу на гласачи.