Вести

СНИМКА ОД ДРОН: Илјадници граѓани и денеска маршираа во Скопје – објавен Македонски народен Документ „Избори се за Македонија“

Илјадници граѓани и денеска маршираат во Скопје во знак на поддршка на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, која протестира за отфрлање на Тиранската платформа и се спротивставува на избор на претседател на Собранието кој не се откажал од истата.

Членовите на иницијативата денес ги пренесоа пораките од Македонскиот народен Документ, „Избори се за Македонија“, барајќи распишување и организирање на предвремени парламентарни избори за финален крај на кризата во Република Македонија.