Вести

Снег во Делчево, Крива Паланка и Маврово- еве каква е состојбата на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози, со остатоци од снег на коловозот. Снег со слаб интензитет провејува во Делчево, Крива Паланка и Маврово. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.