Вести

Скандалозен говор на омраза на сдсмовската перјаница Тричковски: Сите од ВМРО да се елиминираат и ликвидираат

Една од главните новинарски перјаници на СДСМ и Зоран Заев, Бранко Тричковски продолжува со ширење говор на омраза, тој повторно објави скандалозен текст на Фејсбук, каде повикува на убиство на лица од ВМРО-ДПМНЕ. Скандалозните текстови и Фејсбук постови на Тричковски не се нешто непознато за македонските граѓани, тој и претходно повикуваше на исти работи.

 

Фејсбук статус на Бранко Тричковски:

Сите би ги елиминирале или ликвидирале

Да живеевме во времето на Савонарола и Игнацио Лојола, тие би завршиле на клада, да живеевме во времето на Сталин, сите би скапале во некој гулаг, режимот на Тито би ги пратил на Голи оток при што би ги потопил сите бродови за враќање на копното, за време на Буш помладиот, сите би завршиле во Гвантанамо, Елизабета Прва би им ги отсекла главите, во Калифатот на ИСИС исто така би останале без празнините над раменицие, Робеспјер и Сент Жист би играле фудбал со нивните тикви по улиците на Париз, во Осло би добиле по 40 години затвор, во Тексас би им шибнале смртоносни инјекции, Хитлер би ги стрелал, можеби Пешевски би добил ампула со цијанкалиум ако шефот на стрелачкиот вод оцени дека сланината на бандитот е нешто како штит пред куршумите, но другите би завршиле покрај некој ѕид или тараба.

Не постои општествена организација, од најрпимитивен, до најразвиен вид, од најрепресивен до најдемократски систем, која може да го истрпи злосторничкото присуство и политичката камуфлажа и тортура на чудовиштата од вмро-дпмне!

Покрај Тричковски во ширењето говор на омраза учествуваше и порталот Плусинфо, каде неговиот текст беше објавен. Инаку тоа е порталот на Бранко Ѓероски, кој важи за главен медиумски стратег на СДСМ и Зоран Заев.

Инаку овој скандалозен текст, како што веќе и пишавме не е прв на Тричковски, тој во минатото имал доста со иста конотација, еднаш дури и се закани со убиство на тогашниот премиер на Република Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Перјаницата на Заев и СДСМ преку Фејсбук повикуваше и на војна во која би загинале сите патриоти.