Вести

СКАНДАЛ: Висок функционер на СДСМ претепал лице вработено во јавно претпријатие

Здравко Коцев, актуелен висок функционер во петата управа на МВР и поранешен кадидат за градоначалник денес од непознати причини физички нападнал и претепал лице вработено во јавното претпријатие Исар. Овој настан се случил среде бел дел во централного градско подрачје во Штип каде што веднаш му е поднесена кривична пријава, пишува порталот Денешен.

Јавноста е потресена од ваквото дивјачко однесување на високи функционери на СДСМ. По ваквиот настан не може, а да не се забележи, дека безбедноста на граѓаните е ставена под знак прашалник.

Во Штип веќе може да се насетат најавите за периодот кој следува.

Локални шерифи поддржани и охрабрени од централната власт предводена од Зоран Заев почна со гангстерско однесувања, со сеење страв и закани, и поставување на функционери на високи позиции со сомнително и недолично минато.

Коцев во јавноста е познат дека во повеќе наврати во минатото е предизвикувач на вакви слични инциденти. Да биде трагедијата поголема тој сега е вработен во 5-та управа на МВР и наместо да работи на безбедноста на граѓаните, тој ја користи оваа позиција доделена не по стручна, туку по партиска основа, за да сее страв и насилие.

Инаку Здравко Коцев освен што е актуелен висок функционер во 5-та управа на МВР тој е и поранешен раководител на ЈП Исар, поранешен директор на основно училиште, па дури и поранешен кандидат за градоначалник што значи дека ја ужива целата подршка од високото раководство на СДСМ.

Со ваквите постапки СДСМ само покажува како планира да се справува со своите неистомисленици. Ваквото однесување на дел од функционерите на СДСМ е доказ дека периодот што следува ќе биде исполнет со заплашување со закани и живеење во страв. Целта на СДСМ е да не вратат во некои минати времиња кога владееше безаконието и стравот кај граѓаните. Локалните избори се можност да им се каже не и да се прати јасна порака на ваквото однесување на СДСМ.