Вести

СКАНДАЛ: Судот призна дека нема адекватна опрема за водење на рочиште, но за нив не е проблем што судот не го почитува законот

Рочиштето за случајот насилство во Општина Центар се води без и покрај тоа што судот не ги исполнува законските одредби за спроведување рочиште, без адекватна опрема. И покрај тоа што одбраната побарала да се снима рочиштето, судијката Михајлова кажала дека нема опрема за такво нешто, но рочиштето сепак продолжило. Во одбрана на судијката без даден збор влегла и Фатиме Фетаи од СЈО.

Одбраната во случајот со насилството во Општина Центар побара адекватно и дословно спроведување на законот и целосно снимање на рочиштата. Покрај тоа, одбраната побара и усогласување на претходните записници, кои се водеа без адекватна опрема.

Според нашите информации, судијката Татјана Михајлова кажала дека приговорот на одбраната е точен, но сепак дека рочиштето ќе продолжи по што судијката го одземала зборот на адвокатите од одбраната Димитар Дангов и Сања Алексиќ.

Како што велат нашите информации, во судницата потоа настанала комична атмосфера, по што специјалната обвинителка Фатиме Фетаи од СЈО, без даден збор почнала да ја брани и правда судијката Михајлова, со што може да се каже дека се докажуваат тврдењата на јавноста, дека СЈО и судот дејствуваат во спрега кога станува збор за делењето на правдата. Коментарите се дека ова претставува типичен политички прогон.

Судијката за време на рочиштето постојано излегувала од судницата на координација со непознати лица, велат нашите извори.

Инаку, судот незаконски во овој случај ги прифати т.н. бомби на СДСМ како докази, иако станува збор за незаконски прибавени материјали, кои како такви според законот во Македонија не може да бидат сметани за доказ до судска постапка.