Вести

ЖАЛНО: Забеган мрачен карактер што гол пишува на интернет денес е министер, а треба да се грижи за цркви, манастири, џамии, духовно наследство и детски фестивали (ФОТО 18+)

На социјалните мрежи се појави скандалозна фотографија на новиот министер за култура во сдсмовската влада на Зоран Заев, Роберт Алаѓозовски, објави порталот Журнал.нет.

Според информациите, фотографијата на која министерот Алаѓозовски е пиштол гол и на која се гледаат неговите интимни делови е објавена пред околу петнаесеттина години во 62-риот број на списанието „Маргина“.

-Забеган, мрачен карактер што гол пишува на интернет денес е министер, а треба да се грижи за цркви, манастири, џамии, духовно наследство, детски театри и детски фестивали, пишува Журнал.

Владата на Зоран Заев со именувањето на Роберт Алаѓозовски го допре дното во културата.

-Министерот Алаѓозовски веќе се профилираше како крајно деструктивен тип, а сега својата деструктивност и мрачна страна ја проектира на целата држава. Не се работи тука за симпатична ексцентричност, туку за длабоко мрачна личност, која сшо својата подвоена личност и егзибиционизам ги спроведува преку државниот апарат, со авторитетот на министерската фотелја. Министерот Алаѓозовски е срам за сите деца, за сите родители, мајки, татковци, баби и дедовци, пишува порталот.

Да имавме нормална држава и влада, Роберт Алаѓозовски ќе беше алтернативен маргиналец од типот на Никола Шиндре, а не да управува со буџет, музеи, археологија, детски фестивали, чување на црквите и музеите, издаваштвото и културното творештво, пишува Журнал, кој објави и нецензурирана фотографија од голиот министер, која не е приватна фотографија, туку е јавно објавена во весник.