Вести

СКАНДАЛ: Бизнис двоецот Заев и Анѓушев ја раскрчмуваат „Фени“ за да ја превземат по багателна цена, остануваат 1.000 луѓе без работа

Доколку сметката на Фени Идустри е блокирана повеќе од четириесет дена по автоматизам Фени Индустри ќе влезе во стечај. Откако дојде на власт владата на Зоран Заев на чело со бизнисменот Кочо Анѓушев кој има функција вицепремиер економијата бележи пад, бруто домашниот производ за 1,8% и индустриското производство за 2,2%.

Фирмата на вицепремиерот на Владата предводена од Зоран Заев, Кочо Анѓушев ја блокира и затвора фабриката Фени индустри, а ова за фирмата значи и згаснување поради што без работа на улица остануваат 1.000 луѓе.

Како што пишува Економски.мк  фирмата ЕДС на Кочо Анѓушев ја блокирала сметката на кавадаречкиот металуршки  гигант Фени Индустри. Фирмата на Анѓушев го снабдува комбинатот со електрична енергија и практично во негови раце е судбината на околу  илјада лица вработени во комбинатот.

Според информациите извршители влегле во фабриката уште во петокот и почнале да попишуваат се што е во сопственот на Фени. Таму каде што завршиле работа стои попишано од извршител. Производната линија на Фени во моментов како што велат сознанијата од компанијата функционира само на одржлив миниум, односно се одржува само неопходно ниво на топлина за да не биде изгасната целина. Производство нема, дел од вработените одат на работа, а неофицијално се говори дека прашање на време е кога ќе им биде соопштено дека нема потреба од нив.

Доколку сметката на Фени Идустри е блокирана повеќе од четириесет дена по автоматизам Фени Индустри ќе влезе во стечај. Откако дојде на власт владата на Зоран Заев на чело со бизнисменот Кочо Анѓушев кој има функција вицепремиер економијата бележи пад, бруто домашниот производ за 1,8% и индустриското производство за 2,2%. Дополнително , повеќе од шеесет инвеститори како што изјави и претседателот на ВМРО ДПМНЕ кои веќе биде решени да инвестираат во Република Македонија сега ги повлекле своите одлуки и разгледуваат други дестинации за вложување на својот капитал.

Владата предводена  од Зоран Заев заедно со вицепремиерот Кочо Анѓушев не само што не креираат нови работни места со отворање на нови фабрики и ги бркаат потенцијалните инвеститори со своите погубни економски политики згора на тоа сега постои можност за затворање на еден од најголемите фабрики која вработува над четири илјади граѓани.

Имено, ефектот кој го има Фени Индустри врз економијата не е само за луѓето што работат во компанијата. Фени Индустри има огромен број на набавувачи односно околу илјада  само од државата.  Фирмите кои гравитираат околу Фени исто така вработуваат луѓе и тоа има секако позитивен ефект врз целокупната економија. Понатаму, Фени Индустри има сестрински фирми како „Нова Инжинеринг“, „Нова Рефактории“ и „Нова Логистика“ . Директно Фени Индустри вработува 850 луѓе но оваа фирма има многу изведувачи и фирми соработнички кои додатно го зголемуваат  целокупниот ефект врз економијата .  Многу важно за оваа компанија е човечкиот капитал со кој располага односно техничко технолошкото знаење кое го имаат вработените , нормално мора да се спомне дека Фени е една од  ретките компании во Македонија во која платите се едни од највисоките во државата.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев ветуваше поддршка на компаниите но очигледно дека владата на Зоран Заев има намера да ги затвора и постоечките капацитети а најмалку има намера  да отвора нови. Прашање е доколку Фени Индустри отиде во стечај  дали приближно  четири илјади фамилии во Тиквешијата ќе останат на улица?