вторник, 16. јануари 2018. Вести денес: 98
home Вести

Сите мислеа дека Груевски лаже, но вистината ја видовме вчера

Сите мислеа дека Груевски лаже, но вистината ја видовме вчера

Додека траеја протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“, многу граѓани, политичари, надворешни фактори и медиуми тврдеа дека опасноста од двојазичност и Тиранската платформа е нереална и дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски само го користат прашањето и народот за да се задржат на власт што подолго.

Многумина му веруваа на Зоран Заев дека двојазичноста и Тиранската платформа е само во главата на Никола Груевски.

Заев јавно на прес-конференција во февруари 2017- та кажа дека неговите експерти рекле дека двојазичност на униформите и парите е неуставно.

Кој го лажел народот, а кој ја говорел вистината се виде вчера.

Вчера во Собранието на Република Македонија пратениците со 69 гласа ЗА и ниту еден против или воздржан го изгласа Законот за јазиците, во Собранието не беа присутни пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај пратениците на СДСМ за законот гласаа и сите други пратеници од владината коалиција.

Инаку, Груевски на митингот во Штип уште во декември 2016 година предупреди за ова.

Зборувајќи за намерите на сценаристите кои го најмиле Зоран Заев за да ги спроведе нивните намери, Груевски нагласи дека ако се направи грешка, таа ќе биде кобна, нема враќање назад.

-Кога нешто ќе се направи од ваков карактер, ќе се згреши и ќе се отиде во еден правец, нема поправање, нема каење. Ви кажуваме многу отворено, многу јасно, што и следи на Македонија од сценаристите кои го најмиле Заев да го спроведе нивното сценарио. Можеби некои од вас се разочарани од некои наши слабости, грешки, пропусти и ние сме живи луѓе и ние грешиме, но стратешки грешки немаме. Ќе се трудиме да ги поправиме, да бидеме подобри, да бидеме уште поуспешни, да имаме помалку грешки, помалку слабости, но ова е крупна работа, ова не е работа за некоја мала грешка, па ајде ќе гласам за ова па што сака нека биде. Се работи за Македонија, внимавајте, се работи за иднината на нашата заедничка татковина, изјави Никола Груевски на 2 декември пред штипјани.