Вести

Што мислат соседите за осомничениот Спасе: „Растевме заедно, но детето психички оболе“ (ВИДЕО)

Соседите се згрозени од настанот кој го потресе Велес, а пред камерата на Сител велат, дека никогаш порано немало проблеми меѓу двете семејства.

 

Починатиот важел за културен и мирен човек, со кого никој немал проблеми во соседството.

Осомничениот Спасе пак кој извесно време живеел во Австралија најверојатно како што велат соседите, се соочувал со психички проблеми.

-Од деца растевме заедно. Немавме проблеми ништо, мирно беше детето, ама психички се оболе бидејќи во станот некој дрогираш или незнам умрел. И тој оттогаш кога се врати, се оболе детето, вели една соседка.

-Се чудиме, само тој ја знае причината, нема никаква причина. Колку јас што сум запознат, тие меѓу себе не живеат, но до нешто вакво да дојде монструозно, вели друг сосед.

-Мирни луѓе, домаќини. Што се случи незнам, ни јас не сум свесен. Сабајле се потресовме сите

-Ги познававме и двете фамилии, супер се и двете фамилии. Не знаеме зошто се случи тоа, како се случи

На осомничениот му  е одредена мерка притвор. Надлежен обвинител издаде наредба да се изврши обдукција на телото на починатиот. Истрагата дополнително ќе покаже што го натерало 46 годишниот велешанец да посегне по животите на своите соседи.