четврток, 22. февруари 2018. Вести денес: 0
home Вести

„Шилегов и Темелковски не мрднаа со прст, наместо дислокација на галиите нека вложат во училиштата во Кисела Вода“

„Шилегов и Темелковски не мрднаа со прст, наместо дислокација на галиите нека вложат во училиштата во Кисела Вода“

На средно земјоделско училиште во Драчево каде што учат стотици ученици потребна му е нова зграда. Во училиштето „Рајко Жинзифов“ потребна е нова спортска сала. Овие два проекти не чинат повеќе од 3 милиони евра, реагира Ацо Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ.

-Наместо тоа, Петре Шилегов, од народни пари да дава 5 милиони евра да дислоцира галии за кои не е дадено ниту денар да се направат бидејќи се на приватни сопственици, нека одвои и нека даде 3 милиони на општина Кисела Вода да се реализираат проектите за ново средно училиште и нова спортска сала. Видовме дека за 100 дена Филип Темелковски и Петре Шилегов не мрднаа со прст. Еден единствен проект не реализираа. Од само 100 дена, цели 2 недели беа на ракомет во Загреб и ги заборавија граѓаните. Ова е класично недомаќинско и расипничко работење. Шилегов е спремен 5 милиони евра да фрли во вода, а не е кадарен да реализира проекти кои им се неопходни на граѓаните. Доколку Шилегов сака да ги дислоцира галиите, тоа нека не го прави со парите на граѓаните, туку нека си го направи од сопствените доколку ги има, од кириите, или ако си заработил, рече Јорданов.

Тој вели дека граѓаните не заслужуваат нивните пари да бидат трошени за исполнување на лични хирови на Петре Шилегов.