Вести

Серија земјотреси во Македонија

Серија земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пехчево – Кресна се регистрирани денеска во период од 10 до 11 часот.

 

Земјотресите најсилно се почувствувани во Пехчево, Берово и околината. Најсилниот бил со магнитуда од 3,1 степен по Рихтеровата скала и е регистриран во 10:27 часот, а најслабиот со магнитуда од 2 степена според Рихер во 10:54 часот.

Покрај овие два земјотреса, Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје регистрираше уште три земјотреси и тоа во 10 часот со магнитуда од 3 степени, во 10:17 часот со магнитуда од 2,3 степени и во 10:19 часот со магнитуда од 2,6 степени според Рихтеровата скала.