понеделник, 22. јануари 2018. Вести денес: 50
home Вести

Серија земјотреси во дојранско, најсилниот утрово од 4,8 степени

Серија земјотреси во дојранско, најсилниот утрово од 4,8 степени

Доцна синоќа, по 23 часот, се регистрирани серија земјотреси кои потекнуваат од дојранското епицентрално подрачје, но најсилниот, со интензитет од VI-VII степени според Европската макросеизмичка скала, бил утрово во 5 часот и 24 минути.

Како што информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, овој земјотрес на 145 километри југоисточно од Скопје, со магнитуда од 4,8 по Рихтер, најмногу го почувствувало населението во Дојран.

Во Гевгелија, Валандово и Стумица интензитетот бил VI степени, додека во Кавадарци, Радовиш и Берово V степени.

Земјотресот е почувствуван и во Грција и Бугарија, а предизвикал мали оштетувања на градбите во населените места во непосредна близина на епицентарот.