Вести

Секс скандал во владата на Заев: Висок функционер злоставувал службеничка – имало тепачка?

Дали владата на Заев од самиот старт ја следат секс скандали? На социјалните мрежи излезе обвинување дека висок функционер на владата, пред две недели сакал да изнуди неконзензуален секс со вработена службеничка. Со неа, како што се тврди на фејсбук, високиот функционер сакал да игра игри на доминација, пишува Република.

Вработената сакала да поднесе отказ за злоставувањето и го известила нејзиниот татко, кој влегол во владата и предизвикал инцидент за да ја зачува честа на неговата ќерка.

Не се открива кој е функционерот кој го направил овој сексуален престап, но, можно е негово откривање во наредниот период.

Во прилог, целиот статус за случајот: