Вести

СДСМ во очај повикува на насилство и физички пресметки

Како што минува време и како што се соочуваат со поразот што го доживеаја на изборите, СДСМ е под се’ поголем притисок да ги испорача барањата за кои што се уценети.

1protesti-1

Дел од наркодилерите и мафијашите кои одработуваа за партијата се приведени периодов, но прашање е уште колкумина се на слобода и ги уценуваат Зоран Заев и СДСМ.

Последниве денови Заев преку се повеќе послушници испраќа пораки до членството дека дошло време насилно да се узурпира волјата на народот и да се реализира Тиранската платформа.

Според предлозите на послушниците на Заев, не треба да се исклучат и директни пресметки и со политичките опоненти. Очигледно нема цена што СДСМ не треба да ја плати за реализирање на Тиранската платформа.

-Они нека се тресат, а не вие. Во политиката победува оној што сам го бира местото, времето и начинот на делување. Вака вие само реагирате на нивните акции. Премногу слушате сугестии однадвор. Аеродромски кажано, на силеџии мора да им влезете со тупаници кога најмалку очекуваат, пишува актерот Сашо Тасевски, кој во јавноста важи за отворен поддржувач на Заев и СДСМ.

Еден од главните идеолози на СДСМ, Љубомир Фрчкоски исто така во очај повикува на насилство.

-Вељановски ке го фатите за ушите немиени и ќе го тргнете од седалото, ќе ја востоличите легитимно новата собраниска постава, а не да се глупирате со „почитување процедура“ која е во стартот прекршена. Значи, драги мои другари СДСМовци, освен пенкалото за гласање ќе ни треба сепак и едно ‘’малку подебелко пенкало со јајца на крајот’’  – за превземање на власта која ни ја изгласале граѓаните, пишува Фрчкоски.

Во заканите се приклучи и Мирослав Грчев, кој ги анвредуваше граѓаните кои протестираат нарекувајќи ги “хибернирани кретени“.

-Оваа нискоорганизирана протеинска материја што како од канализација „спонтано“ се истури по скопските улици да протестира во одбрана на својата авторитарна мафијашко-партиска власт, има мемориски капацитет само да го препознае гласот на господарот и веројатно сликата и пластичниот мирис на сендвичот со кој ги хранат. Овие хибернирани кретени се генетска маана на либералната демократија, пишува Грчев.