Вести

СДСМ со зголемувањето на даноците ќе придонесе пораст на цените на основните производи, намалување на инвестициите и платите

-Иако беше ветено во програмата „За Живот“ на СДС за намалување на даноците како и враќање на 15% данок на секој граѓанин на Република Македонија, денес истите тие викаат пу пу не важи, нема враќање на данок за граѓаните, напротив зголемување на даноците за компаниите на штета на работниците, економијата и продуктите!

Сдс и министерот #ДанскаТевдовски водат штетна политика на економски план за сите граѓани на Република Македонија. Имено, со зголемувањето на даноците ќе се придонесе за пораст на цените на основните производи, намалување на инвестициите и платите, како и цветање на сивата економија!