Вести

СДСМ со објавувањето на договорите отвора војна против 100 странски компании, неизвесни над 20 илјади вработувања

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев вчера на телевизијата 24 Вести објави дека денекса ќе се почнело со објавување на државна помош за компаниите кои инвестирале во државата, измислена тема која нема реална подлога, се со цел да се покрие денешната пленарна расправа за Законот за двојазичност во Собранието. Тие планираат да тргнат со лажна теза дека државата од буџетската каса исплатила 250 милиони евра за странски компании, а во реалноста воопшто не е така.

Имено, државата ги ослободила од плаќање на даноци и придонесе во извесен законски рок, и всушност нема никаква оштета на Буџетот, односно тоа се пари на кој државата не би можела да смета бидејќи доколку не се овозможи тоа инвестицијата не би се случила. Објавувањето ќе предизвика Србија, Бугарија, Грција, кои исто така се конкуренти за привлекување на инвестиции да понудат подобри услови и да ги привлечат инвестициите.

Повеќе компании се жалат на некоректниот однос на Владата и загрозување на нивното работење. Дополнително, не се во прашање сега инвестициите кои биле во фаза на разговори и убедувања, а кои според проценките се 60-тина со над 25 илјади вработувања, туку се доведува во прашање егзистенцијата на над 100 странски компании кои веќе инвестирале во Македонија и кои вработуваат над 20 илјади работници.

Три големи странски компании ја напуштаат државата, следуваат отпуштања на над 2.000 работници

СДСМ со објавувањето на договорите отвора војна против 100 странски компании. Покрај тоа што се неизвесни над 20 илјади вработувања, засега е сосема извесно заминување на 3 компании со над 2.000 вработувања, но за жал се очекува овој број дополнително да расте.

Три месеци траеше периодот кој беше доволен големи странски корпорации незадоволни поради пасивноста и климата на непријателство која ја водеше Владата да ја напуштат државата и да го преселат капиталот. Корпорацииите ова прашање го издигнале на највисоко ниво меѓу бордот на директори во своите компании. Главна забелешка била тоа што Владата не само што прекинала комуникација на секое можно ниво, туку и со најавата за декласифицирање на државната помош која ја добиваат, најавите за повисоки даноци, запоставувањето на странскиот капитал и немањето на волја да се излезе во пресрет на основни барања на странските инвеститори кои во моментот вработуваат околу 2 илјади луѓе, бордовите на директори на овие компании се пред одлука за напуштање на државата и селење на капиталот.

Две од компаниите се од автомобилската индустрија и доаѓаат надвор од Европа, а третатата компанија е од технолошката индустрија и е со Европски капитал. Тие се дисперзирани во Скопје и во градови во внатрешноста.

2.000 илјади луѓе е многу веројатно да останат без работа.

– Имаме огромни забелешки на односот на владата, со која речиси и немаме никаков контакт, на било кое ниво. Нам ни е жал, но доколку продолжат вака работите, ние со сигурност ќе ја напуштиме државата до крајот на годината. За таа цел веќе започнавме разговори со повеќе држави од соседството и регионот, изјавува еден од менаџерите на компаниите кои се пред одлука да се селат.

Менаџер на друга компанија вели:

– Еве на пример мојата компанија не користи државна помош, но и да користи, тоа не е главната пречка и тоа не е главниот фактор поради која компаниите инвестираат. Најавуваат зголемени даноци, тоа ќе биде катастрофално за сите компании, и домашни и странски. Познавам и други раководители на странски компании во државава кои сакаат да си заминат доколку продолжи ваквиот однос. Мојата компанија вработува над 400 луѓе, сите се добри работници, ќе ми биде жал, но ние сме пред одлука за селење.

Покрај тоа што овие три компании се пред одлука за затворање на капацитетите, она што е познато дека и голем број на други компании се откажале од разговори со владата за идно инвестирање. Една американска компанија донела дефинитивна одлука да прекине разговори со владата на Заев, и својата инвестиција да ја пренасочи кон Србија. Се работи за инвестиција која во Македонија ќе обезбедеше 1.500 вработувања.

Инаку, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пред околу една недела објави дека во наследство на новата влада и оставил шеесетина компании со кои биле во посериозни разговари и кои имаат капацитет за вкупно 25 илјади вработувања.

Тој изрази загриженост дека сето ова ќе биде упропастено и ја постави дилемата дали воопшти сака Владата странски инвестиции.

– Ако до неодамна се прашував дали во новата влада знаат да привлекуваат странски инвеститори, сега се повеќе се прашувам дали всушност сакаат. Дали можеби некому не му одговара нови фабрики кои нудат повисоки плати за да превземат дел од најдобрите од постоечките фирми, кои или ќе треба да ги качат платите или да ги загубат подобрите вработениизјави Груевски.

Тој посочи дека ваквата стагнација ја чини и допрва ќе ја чини државата и граѓаните. Странските инвестиции беа локомотива на македонската економија и стимулативен елемент на домашното стопанство и компании кои соработуваат со овие странски инвестиции. Ваквото економско мртвило неминовно ќе доведе до опаѓање на општата економска активност, но и можност за бркање на посточеки инвеститори, истакна Груевски.