Вести

СДСМ си изгласа простор за ново задолжување!

Владата вчера усвои измена на Одлуката за утврдување на максималниот износ на ново задолжување преку издавање државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар за 2017 година.

Со оваа одлука, Владата на Зоран Заев и неговите министри си отворија пат за поголемо задолжување на домашниот пазар.

„Одлуката за задолжување на домашниот пазар е донесена заради тековните поволни услови во споредба со условите на меѓународниот пазар, и заради интересот кај инвеститорите во домашни хартии од вредност“, стои во соопштението од македонската Влада.

Деталите за најавените аукции и  нивните износи можете да ги погледнете во документацијата.

Кога СДСМ беше опозиција, најгласните критики ги даваше за задолжувањето. На власт се само неколку месеци, а веќе ги задолжија македонските граѓани за половина милијарда евра.

„Економски“: СДСМ ја задолжува државата за нови 25 милиони евра

Владата за вторник најави ново задолжување во висина од 24.6 милиони евра.  Со ова сумата за која што новата влада не задолжи за само 4 месеци се искачува на 344.6 милиони евра. Целото ова задолжување се одвива во предизборен период.

Ова е второ задолжување во текот на октомври, а до крајот на месецот е најавено уште едно задолжување, со што само за еден месец владата ќе се задолжи три пати за над 100 милиони евра. Досега владата на СДСМ успеа да стопи државни резерви од над 180 милиони евра, со што за само 4 месеци, вкупната бројка на потрошени пари се искачи за над 520 милиони евра. Пари за кои се финансиски товар на грбот на граѓаните и никој не знае каде завршуваат. Владата со својата економска политика   ја втурна Република Македонија во рецесија.  ММФ веќе предупреди дека јавниот долг се повеќе ќе расте, а буџетскиот дефицит ќе се продлабочи,анализира порталот Економски.мк.

Граѓаните стравуваат дека со ваквото презадолжување и неодговорно работење за брзо Република Македонија ќе крахира и ќе прогласи банкрот.