Вести

СДСМ ќе го зголемува буџетот до 2020-та година

Зоран Заев и економскиот тим на СДСМ изминатиот период ја кртикуваа Владата на ВМРО-ДПМНЕ за нереално голем буџет и расипништво. Главниот аргумент на СДСМ во нивните дискусии беше дека не смее да се собираат пари од граѓаните од фирмите во форма на казни и даноци за реализација на проекти како Скопје 2014. Не поминаа ниту шест месеци од смената на власта, а СДСМ излезе со буџет кој е пообемен од кој било претходно. Проектот Скопје 2014 е завршен и од страна на Владата е најавено дека нема да се продолжи, но се најавува енормно зголемување на државниот буџет во наредните три години, анализира Економски.мк.

Со објавената Фискална стратегија од Министерството за финансии до 2020 владата Буџетот се проектира на скоро 4 милијарди евра. Колку за споредба во 2016 година Буџетот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ беше околу 2,7 милјарди евра, а беше напаѓање дека буџетите се огромни на претходната Владата. Од друга страна Владата на СДСМ најави рационализација на трошоците, планира да ги зголеми Буџетите и тоа следната година на повеќе од 3 милјарди евра, а до 2020 година истиот ќе се зголеми за уште една милјарда или на скоро 4 милјарди евра.

За да го овозможи ваквиот Буџет, владата планира 300 милиони евра дефицит секоја година. Предлог буџетот за 2018 година е проекција на лошата политика на Владата на СДСМ. Досега најголемиот Буџет ќе биде потрошен без да се реализира ниту една нова капитална инвестиција, пишува Економски.

Владата ги скрати финансиските средства на оние на кои им се најпотребни за таа и нејзините функционери да ги користат сите бенефиции. На пример во земјоделието СДСМ скрати 24 милиони евра, но за сметка на скратените субвенциите Владата предвиде покачување на 5,2 милиони евра на патни и дневни трошоци. Еве за што критикуваа луѓето на СДСМ. Советникот во актуелната Влада на СДСМ, Ванчо Узунов говори за Буџетите на владата на ВМРО-ДПМНЕ, и говори за осиромашување на граѓаните. Но токму оваа влада прави многу голема штета на граѓаните, односно токму тие ќе ги  финасираат потребите на СДСМ, анализира Економски.