Вести

СДСМ го злоупотребува државниот инспекторат за да овозможи доселување мигранти

15-20 општини покренаа иницијатива за референдум, донесоа  одлуки за референдум тој да се одржи на 15-ти октомври, кога се и локалните избори, да не се прават двојни трпшоци во некој друг термин и тоа е нормално во секоја земја, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во своето вечерашно гостување на Сител телевизија.

 

Груевски рече дека СДСМ очигледно има поинаква намера од таа што ја зборува сега пред изборите. Според него, СДСМ има дадено ветување дека во иднина ќе биде земја која што ќе прими мигранти, не сака сега да го каже, бидејќи ќе им се одрази тоа на локалните избори и од тие причини бараат начин, злоупотребувајќи ја извршната власт.

-Инспекторатот за локална самоуправа е директно под надлежност на Владата, директно под надлежност на Владата. Прво, ако СДСМ навистина не сакаат да носат мигранти во Македонија, тие требаше да излезат и да кажат: „Не само што не сме против да има референдуми, туку сме ЗА, ги поддржуваме, ги повикуваме и нашето членство, нашите активисти, сите оние кои што не поддржуваат, да излезат на тој референдум и да гласаат ПРОТИВ населување на мигранти во тие општини“. Тие не само што не го направија тоа, туку директно преку Инспекторатот за локална самоуправа, прават интервенција со која што сакаат да го оневозможат тоа, плус го злоупотребуваат овој Инспектиорат, зошто противправна е одлуката што ја носи, рече Груевски.