Вести

Саздов: Коцевски лаже, на работниците им исплаќал многу пониски плати од просекот

Аце Коцевски призна дека на работниците им давал минимална плата. Со тоа тој директно призна дека сите документи објавени во медиумите за него се точни, обвинува Петре Саздов кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за советник во општина Велес.

-Тој на вчерашното интервју на ТВ Нова призна дека на работниците им давал мизерна плата од околу 9.500 денари, како што за тоа објавија медиумите. Аце Коцевски се правдаше дека такви биле платите во секторот градежништво во Република Македонија.  Господине Аце Коцевски повторно лажете! Официјалното соопштение на Државниот завод за статистика за висината на исплатените нето-плати во 2015 година, период кој се однесува на документите објавени во медиумите, вели дека просечната плата во секторот градежништво во таа 2015 година изнесува 19.306 денари. Вие господине Аце Коцевски не сте давале плати како просекот на платите во градежниот сектор во Македонија, туку на вработените сте им исплаќале цели 10 илјади денари помалку. Да повториме, просечната плата во Македонија во секторот градежништво била 19.306 денари, а Аце Коцевски на своите вработени им давал само 9.500 денари. И тоа почитувани велешани тој го правел во година кога со својата градежна фирма остварил профит од вртоглави 2.600.000 денари, истакна тој.

Саздов порачува дека Коцевски не го интересира животот на Велешани исто како што не го интересира ниту животот на вработените во неговата милионска фирма.

-Него го интересира само личниот профит, дополни Саздов.