Вести

Регионалните телевизии со поддршка за ТВ НОВА

Телевизија Нова од голем број граѓани, гледачи и разни здруженија добива поддршка и барање да се издржат овие притисоци и удари.

 

poddrshka-1-640x366

Поддршка деновиве пристигна и од новинари, македонската асоцијација на новинари, како и од страна на независниот синдикат на новинари на Македонија. Притворот за сопственикот на ТВ НОВА Сеад Кочан го сметаат за напад врз ТВ НОВА.

Главните и одговорни уредници од регионалните телевизии К1 од Велес, О2 од Охрид, Мега од Битола, и Телевизија Ултра од Тетово изразија јавно поддршка за работата на ТВ НОВА.