Вести

Разобличена тезата на СДСМ за 700.000 гласа (ВИДЕО)

СДСМ и нивните сателити откако ги изгубија изборите почнаа да си играат весела математика. Зоран Заев се претставува како успешен бизнисмен кој има заработено милиони, но вака јавно делува како да е скаран со бројките.

Casule_2017413144935

Ова го истакна главниот и одговорен уредник на Информативната редакција во Алфа ТВ, Коле Чашуле во неговата нова емисија „Седмица“ која се емитуваше во неделата.

-Се сеќавате на фамозните фантомски гласачи кои од 500.000 паднаа на 30.000 и за на крај да се сведе на стотина луѓе меѓу кои инаку бев и јас кога ме прогласија за фантом и не ми беше дозволено да гласам, рече Чашуле и додаде:

Веднаш по изборите, СДСМ ја лансираше тезата дека ВМРО-ДПМНЕ иако доби двајца пратеници повеќе, изгубило на избори со тоа што 600.000 илјади луѓе гласале против ВМРО-ДПМНЕ и Груевски. Сигурно математичарите се прашуваат од каде таа математика.

Чашуле во неговата емисија објасни околу бројките.

-На 11 декември, ВМРО-ДПМНЕ освои 454.577 гласови, СДСМ 436.981, ДУИ 86.796 гласа, БЕСА 57.868 гласа, Алијанса на Албанците 35.121, ДПА 30.964, сите помали партии заедно освоија околу 51.655, и околу половина милион неопределени, односно луѓе кои не излегле на гласање.

Е сега нивната математика тука е интересна и станува срамна, дури и за деца од основно училиште. Замислете земале и си ги собрале и си ги додале на своите 436.981 глас сите оние гласови на ДУИ, БЕСА, ДПА, па дури и на оние што не излегле и стигнале до некоја бројка од 700.000 гласа и гласно викаат сите овие се против ВМРО-ДПМНЕ и Груевски.

Ако е така тогаш ниту една партија во Македонија од самостојноста до денес која формирала Влада не победила на избори. Еве истата формула сега ќе ја спроведеме и на другите избори:

На изборите во 2011-та година, ВМРО-ДПМНЕ освои 438 илјади, СДСМ имаше 368 илјади, а сите други партии заедно 317 илјади. Значи според сегашната логика на сдсмовците, против ВМРО тогаш гласале 685 илјади луѓе, рече Чашуле.

Во 2002 година кога последен пат победи СДСМ имаа 497.000 гласови, ВМРО-ДПМНЕ имаа 299.000, сите други партии од македонскиот и албанскиот блок 340.000. Од тука по оваа логика против СДСМ гласале 639.000 луѓе, а за нив гласале 497.000. Па сепак тие беа тие кои формираа Влада, подвлече тој.

Во 1994-та година, СДСМ освои 291 илјада гласови, а ВМРО-ДПМНЕ 141 илјада, другите партии и независни кандидати имаа дури 555 илјади. Значи според сегашната нивна логија, против СДСМ гласале скоро 700 илјади луѓе, а СДСМ формираше влада со помалку од 300 илјади гласови.

Инаку, емисијата „Седмица“ ќе се емитува еднаш неделно- секоја недела во 18 часот.