Вести

Различни, но сплотени под црвено-жолтата боја: Немаме друга татковина- сите ќе се бориме за Македонија (ФОТО)

kolaz640

Професори, спортисти, актери, пејачи, ловџии, камионџии, земјоделци, нуркачи, потомци на македонските херои… Сите сплотени под црвено-жолтата боја несебично повеќе од еден месец даваат поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Професиите им се различни, но целта една- зачувување на унитарноста на државата.

Од ден на ден и се поголем е бројот на граѓани ја искажуваат својата поддршка на оваа иницијатива и се против разнебитување на државата.

Сите заедно во еден глас велат: Немаме друга татковина и сите треба да се бориме за Македонија.

Едно од многуте звучни имиња кои дадоа поддршка е и македонскиот капитен и светски ракометен великан, Кирил Лазаров.


Сите заедно стоиме на црвено-жолтата линија на одбрана на нашата татковина!, неодамна порача и легендарната македонска ракометарка Индира Кастратовиќ изразувајќи поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.

И најдобриот македонски автомобилист, шампионот Игор Стефановски- Иџе даде поддршка за Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Иџе е само уште еден од низата спортисти кои застануваат зад „црвено-жолтата“ линија во одбрана на татковината.

-За мене како спортист нема поголема чест од тоа да се бранат боите на својата држава. Интонирањето на Македонската химна на Имола, Хунгаро ринг и останатите елитни тркачки патеки низ Европа и поддршката од нашиот народ е она што ми дава мотив да се борам и победувам за нашата Татковина. Кон крајот на месецот, започнува новата сезона на ЕТЦЦ, на познатата патека Монца, во Италија. Ќе биде голем предизвик за мене и мојот тим уште еднаш да се искачиме на победничкиот пиедестал под Македонското знаме, на пиша Иџе на својата фан страна.

Еден од бројните актери кој исто така јавно дадоа поддршка е и Крсте Јовановски.

Преку панк верзијата на „Заплакало е Мариово“, поддршка дадоа и од групата „Паркети“.

И македонските хокеари со поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.

Внукот на Христо Татарчев, потомецот на македонскиот херој со безусловна поддршка за сочувување на унитарноста на Македонија.

Охридските нуркачи пак, во знак на поддршка го развиориа и знамето ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА под водите на Охридското езеро.

nurkaci-zaednicka-makedonija4-768x576

nurkaci-zaednicka-makedonija-768x423

Ловџиите, земјоделците и моторџиите не пропуштаат ниту еден граѓански марш на иницијативата „За заедничка Македонија“ од Владата до Собранието. Повеќе од месец дена даваат поддршка и ги предводат маршевите и порачуваат дека не планираат да се вратат дома се до исполнување на барањето за откажување од Тиранската платформа.

mars-1

mars-2

mars-6

3-41

13-20