Вести

Рамчиловиќ: СЈО прави класичен притисок врз слободата на медиумите и на овој начин сакаат да се замолчат сите медиуми што не се под нивна контрола

-Денес повторно се собравме тука да го искажеме нашето незадоволство од одлуката за притвор на господинот Кочан. Дојдовме тука со цел да укажеме една работа на македонската јавност, меѓутоа и да упатиме порака до СЈО овој процес да го водат според сите правни принципи, начела и норми, бидејќи се покажа дека со одлуката на апелациониот суд одлуката беше погрешна, односно ние сметаме дека беше донесена директно под притисок на СЈО, рече денеска Зекир Рамчиловиќ, претеник од Бошњачката заедница во Собранието на Р. Македонија.

zekir

-Луѓево тука се собрани да го искажат своето незадоволство, меѓутоа мораме да и кажеме на македонската јавност дека се работи за класичен притисок врз слободен медиум каде што господинот Сеад Кочан е сопственик на телевизија Нова и на овој начин сакаат да се замолчат сите овие медиуми кои што известуваат објективно, односно кои што сакаат да ја пренесат објективно целосната вистина на македонската јавност, истакна Рамчиловиќ.

Sequence 02.00_02_10_04.Still007

Тој порача дека и понатаму ќе ги следат состојбите и ќе го изразуваат нивното незадоволство, а особено е важно што во последниве денови не протестираат само вработените, туку се повеќе граѓани масовно даваат поддршка се со цел сите процеси во нашата земја да се донесуваат со почитување на уставот и законите во Македонија.

Sequence 02.00_00_55_03.Still004