Вести

Работник падна од скеле, никој не презема одговорност за градежните работници

Ниски плати, работа „на црно“, без здравствено осигурување, работат и на топло и на ладно време. Ова се проблемите со кои се соочуваат градежните работници, објавува ТВ21.

Добре Петровски кој што е вработен во една градежна компанија, вели дека добива плата од 10 илјади денари што не се доволни да се преживее месецот.

Независниот синдикат на градежните работници бара од Министерството за труд и социјална политика да формира посебна комисија за правата на градежните работници.

Според овој синдикат, во Македонија има над 10 илјади градежни работници. Во врска со кршењето на нивните права, тие бараат повеќе внимание и институционална поддршка.