Вести

Протести во Кочани:Не сакаме поделеност во државата, ние сме за единство во кое просперитет ќе имаме сите

Граѓаните на Кочани и вечерва со протестен марш низ улиците на градот и дадоа подршка на иницијативата „За заедничка Македонија“. Протестниот марш започна од Паркот на револуцијата, продолжи низ кочанските улчици долж кочанската река и низ трговскиот центар за да заврши на местото од каде што започна.

kocani

Учесниците на протестниорт марш уште еднаш ја покажаа својата сплотеност како македонски народ во борбата за зачувување на интергритетот и самостојноста на државата.

На присутните пред споменикот на Никола Карев во Паркот на Револуцијата во Кочани им се обрати поетот Ефтрим Клетников кој во името на Македонскиот манифест потсети на последиците кои можат да се случат од редефинирањето на државата и воведувањето на албанскиот за втор службен јазик.

-Сплотени сите заедно да ја сочуваме унитарноста на државата, зошто ние друга држава немаме. Не сакаме поделеност во државата, ние сме за единство во кое просперитет ќе имаме сите, истакна Клетников.

Протестот во Кочани се одвиуваше мирно и достоинствено без инциденти, а за утре е закажан нов протестен собир за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“.